За проектот Материјали Кампањи Медиа
Цел на проектот

Цел на проектот

Проектот „Сите сме еднакви“ е образовен проект за ученици од основни училишта, поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Проектот ќе се реализира во 21 основно училиште во Република Македонија  од 1. јуни 2013 – 31. март 2015 година. Проектот е воведен преку интегрирање на едукативни содржини во наставата во предметите „Општество“ и „Запознавање на околината“ од одделенска настава. Основната цел е да изгради чувство на лична одговорност кај учениците со почитување на културните вредности. Проектот има силна интеркултурна и меѓуетничка компонента и обезбедува платформа за здружување на ученици кои имаат различно културно, етничко и социјално потекло. Проектот ги надополнува тековните училиштни активности со интерактивни и интердисциплинарни содржини како што се: владеење на правото, основни човекови права и различност. 

sponsor logo sponsor logo sponsor logo