За проектот Материјали Кампањи Медиа
Промоција на пет сликовници

Промоција на пет сликовници

На ден 16 октомври 2014 г. во ОУ „Лазо Ангеловски“ во 11:00 часот се одржа промоцијата на пет нови сликовници (на македонски и албански јазик) во издание на OXO.

Сликовниците се дело на:

- „Голманот Риско“, автор Александар Прокопиев, на тема Тимска работа и фер игра.

- „Бендот на Петко“, автор Илина Јакимовска, на тема Права и одговорности во општеството.

- „Приказна за Ото, Ото и Ото“, автор Бистра Георгиева, на тема Еднаквост и човекови права.

- „Како Петко не си ги заврши обврските?“ - автор Билјана Петревска Малинова, на тема Права и одговорности во општеството.

- „Волшебната комета“, автор Николина Андова, на тема Почитување и различност во мултиетничко општество.

На настанот покрај авторите на сликовниците, говореа Амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Г-дин. Чарлс Гарет и извршниот директор на ОХО Г-дин. Пеце Талески.

Фото: Игор Ангеловски



sponsor logo sponsor logo sponsor logo