За проектот Материјали Кампањи Медиа
За нас

За нас

Од 1998 година OХО ја реализира својата мисија да ги промени општествените парадигми, со визија за Република Македонија како дел од евро-атланските институции.


Веруваме дека нашата држава може да ги оствари овие цели со брзи реформи во критичните сектори и со развивање на индивидуалната свест на граѓаните за нивните права и обврски кон својата држава и кон заедниците во кои живеат.

Со цел да ја реализираме оваа мисија,ОХО развива модели, програми и проекти во полето на:

  • ЕДУКАЦИЈА
  • КОМУНИКАЦИЈА И СОЦИЈАЛЕН МАРКЕТИНГ
  • КОНСАЛТИНГ

ОХО има долгогодишно искуство во развивање едукативни модели и платформи кои успешно се користат во формалното и неформалното образование во сите воспитно-образовни институции. Преку проектите и програмите што ги реализираме, обезбедуваме структурни промени и воведуваме нови методологии за подобрување и усовршување на капацитетите на институциите и граѓанскиот сектор. Изработуваме едукативни алатки, дидактички материјали, едукативни методологии и работилници, со кои интегрираме актуелни содржини и практики од областа на еколошката едукација, одржливиот развој, владеење на правото, интернет технологии и слично, во воспитно-образовниот систем на Република Македонија.

Веќе седум години ОХО ја продуцира телевизиската емисија за деца „5+" која се емитува на две национални телевизии (Телма и АлсатМ), намакедонски и албански јазик. Успеавме детската емисија од едукативен проект, да ја направиме препознатлив бренд во детската продукција не само во земјата, туку и пошироко. Според Советот за радиодифузија, емисијата е редок позитивен пример на иновативна емисија за деца, која има влијание не само врз децата туку и врз родителите и општеството во целина.

Едукативните дидактички материјали, анимираните продукциски материјали и кампањите кои се составен дел од нашите проекти, се лесно препознатливи и имаат силно влијание во промената на свеста, креирањето навики и образованието.


sponsor logo sponsor logo sponsor logo