За проектот Материјали Кампањи Медиа
Конкурс за разгледници

Конкурс за разгледници

ОУ „Владимир Полежиноски“ Кичево

Прва кампања: Конкурс за разгледници за промоција на вредностите „Еднаквост и човекови права“ ОУ „Д-р. Владимир Полежиноски“ Кичево Активот на одделенска настава донесе одлука за распишување конкурс за изработка на разгледница на тема „Еднаквост и човекови права“ кај учениците од I до V одд. кој ќе трае за време на одбележување на Детската недела, односно од 22.09.2014 до 03.10.2014 год. За таа цел беа изработени плакат и брошура со која се информираа учениците за условите на конкурсот. По распишувањето на конкурсот беше формирана комисија од три члена: одделенски наставник, наставникот по ликовно образование и претставник од Фото студио - Медија центар како надворешен соработник на нашето училиште. Комисијата ги одбра најдобрите творби кои беа наградени. Од сите добиени творби беше направена изложба во ходникот на училиштето. Од наградените и најдобрите творби во Фото студиото Медија центар беа изработени 80 разгледници кои се продадоа по симболична цена од 20 денари. Собраните средства ќе се донираат во хуманитарни цели со одлука на Одделенскиот актив. На 10.10.2014 год. на училишната приредба по повод прием на првачињата во Детска организација на наградените ученици им беа врачени наградите кои ги обезбеди училиштето
sponsor logo sponsor logo sponsor logo