За проектот Материјали Кампањи Медиа
Спортски и забавни игри

Спортски и забавни игри

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Велес

Во нашето учлиште на ден 28.05.2015 година, се одржа последната кампања од проектот - интерактвни и забавни спортски - за промоција на моделот „Тимска работа и фер игра“. На оваа кампања учествуваа учениците од петто одделение од нашето училиште и подрачното училиште во с.Црквно. Се запази мешовитиот состав на ученицте по пол и националност. Во текот на цел месец мај имаше подготовки, се организираа игрите во соработка со наставниците по физичко и здравствено образование Љ.Стојков и С.Каракачанова. Учениците се спремаа за видот и изборот на игрите како и во определувањето на самите правила и нивното почитување. Настанот се одржа во спортската сала на училиштето, а на истиот беа поканети гости од советот на родители, директорот на учлиштето, претставници од општината, управниот одбор на учлиштето и др.На крајот беа доделени дипломи за учество и благодарници на сите ученици. 




sponsor logo sponsor logo sponsor logo